Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак споредено со другите земји во регионот. Просечната возраст на која Македонките се мажат е 26,6 години, покажува анализата на статистичкиот портал „Ландгеист“, базирана на податоци на Евростат.
Девојките во Црна Гора стапуваат во брак просечно на 27,5 години, во Бугарија на 28,3, во Србија на 28,5, во Хрватска и во Косово на 28,8, а во Грција на 30,9 години.
Во повеќето европски земји, жените стапуваат првпат во брак на над 30-годишна возраст. Забележлива е разликата во Западна и во Источна Европа, колку се оди позападно, толку е поголема просечната возраст.
Најмлади се мажат Украинките на 24,9 години, девојките во Белорусија на 25,1 и во Турција на 25,2 години.
Жените во Шведска, пак, стапуваат во брак просечно на возраст 34,8 години, во Шпанија на 34,7, а во Норвешка на 34,1 година.