Два дена е просечниот престој на странските туристи во Македонија. И покрај растот на бројот на туристи кои ја посетуваат земјава, нивниот престој и понатаму е краток. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека странските туристи во земјава во просек остануваат само два дена.
Бројките говорат дека бројот на туристи кои доаѓаат од странство е скоро дуплиран, па така бројките кои ги објави статистика во нивната анализа „Животна средина“ покажуваат дека од 399.680 странски гости во 2013 година, во текот на 2022 година земјава ја посетиле 537.436 гости. Според податоците на Агенцијата за туризам, лани посетите биле уште поголеми.
Сепак, просечниот број на денови кои странците го одвојуваат за посета на нашата земја е само два дена.
Состојбите не се подобри ниту кај домашните гости. И овде има раст на бројот на посетители, односно на туристи, но не расте бројот на денови кои граѓаните ги одвојуваат за посета на некои од нашите туристички дестинации.
Податоците покажуваат дека во 2013 година бројот на домашни туристи изнесувал 302.114, додека веќе во 2022 година тој број се зголемил на 431.841 лице. Но, анализата на ДЗС покажува дека од некогашните четири до пет дена престој, нашите сограѓани ги намалиле деновите кои ги одвојуваат за посета на некоја дестинација во земајва и сега во просек поминуваат малку помалку од четири дена низ некоја од нашите дестинации.
Добра вест во нашата ситуација е што сепак, и покрај ковид кризата, која беше силен удар за туристичкиот сектор, тој полека но сигурно расте.
Целиот текст можете да го прочитате на faktor.mk