Сојузниот завод за статистика на Германија го објави своето редовно соопштение за истражување спроведено за да се утврди од што живеат мнозинството Германци. Како што е соопштено, разликите во финансирањето на животните трошоци се забележливи доколку се земе предвид полот.
Огромното мнозинство од работоспособното население во Германија ги финансира сопствените животи, објави во вторникот Институтот, а пренесува Poslovni.hr.
Според извештајот, 76 отсто од граѓаните на возраст од 25 до 64 години, што е околу 34,5 милиони луѓе, со сопствен труд ги покриваат животните трошоци.
Осум отсто живеат од поддршката на своите партнери, а 6 отсто од населението живее од поддршката за невработените.
Секој стоти жител на Германија живее од приходите остварени од личното богатство или од издавањето на сопствен недвижен имот.
Истражувањата покажаа дека разликите во финансирањето на животните трошоци се забележливи доколку се земе предвид полот.
Имено, 83 отсто од мажите на возраст меѓу 25 и 64 години сами си ги покриваат животните трошоци, додека тоа е случај со 69 отсто од жените.
Разликите се забележуваат и кога се споредуваат жителите со имигрантско потекло и „домородците“. Околу 67 отсто од имигрантите се финансирани од сопствена работа, додека кај „староседелците“ тој процент е поголем и изнесува 80 отсто.
Оваа разлика е уште поголема ако се спореди женскиот дел од популацијата на доселеници и „домородци“, каде што жените имигранти во 55 проценти од случаите сами ги покриваат трошоците за живот, додека кај жените без доселенички корен тој удел е 74 проценти. значително повисоки.