Физичкото образование е оној предмет кој е или омилен кај учениците, или најомразен - сè зависи од љубовта кон спортот и воопшто физичката активност.
И додека денес часовите се „ублажени“, а вежбите се приспособени на возраста, на видеото од едно американско средно училиште пред 60 години, можеме да видиме колку внимание се посветувало на физичката подготвеност на учениците, а вежбите кои тие ги правеле тогаш се незамисливи денес на училиште.
Морале да бидат направени минимум 16 склекови - правилно, како и две кревања. За две минути младите момчиња морале да направат најмалку 30 стомачни, а кратко било времето кога станувало збор и за трчањето.
Фасцинација од физичката подготвеност
На социјалните мрежи, видеото стана популарно, а луѓето кои го погледнале се воодушевени од физичката подготвеност и „воената“ дисциплина, а со оглед на тоа што вежбите ги правеле без маици, сите забележале дека момчињата се во одлична форма и дека изгледаат како да тренираат секој ден во теретана по специјална програма и на посебен режим на исхрана.
„Денес секое шесто момче е дебело“
Авторот на видеото на Инстаграм потсетил дека во денешно време секое шесто дете во Америка има проблем со дебелината и дека најголем број едвај можат да направат 5 склекови, а не 16, колку што некогаш било норма.
На видеото исто така може да се забележи и како средношколците синхронизирано и без приговор ја прават секоја вежба - дури и со насмевка на лицето.
Многумина кои одлучиле да го прокоментираат видеото сметаат дека ова е добар пример за децата, но и за возрасните кои поголемиот дел од времето го поминуваат на компјутер или на телефон, да почнат посериозно да се грижат за своето физичко здравје и да внесат и малку тренинг во своето секојдневие, или барем пешачење и рекреативно играње на омилениот спорт.