Стапката на невработеност во Германија изнесува 5,9 отсто. Невработеноста во Германија сè уште е на највисоко ниво од мај 2021 година.
Сезонски прилагодената стапка на невработеност во април беше 5,9 отсто, што е исто како и во претходните четири месеци, а бројот на невработени се зголеми месечно за 13.000 на 2,732 милиони, објави денеска германската Сојузна агенција за труд.
Највисока невработеност традиционално е забележана во германските сојузни покраини Бремен и Берлин, а најниска во Баварија и Баден-Виртемберг.
Побарувачката за работници исто така благо се намалува.
Стапката на невработеност во Германија годинава ќе се зголеми на шест проценти, пресмета IW.