39-годишната Мелиса Тумбати, лична асистентка на Меган Маркл, војвотката од Сасекс, во солзи дала отказ бидејќи повеќе не можела да го издржи малтретирањето.
По само шест месеци работа за Меган Маркл, Мелиса повеќе не можела да ги издржи преголемите барања.
Иако точната причина за отказот не е позната, тие две се разишле кратко откако се дознало дека Меган се однесува дрско кон персоналот.
"Беше под голем притисок, а на крајот и беше премногу. Многу проголта. Меган бараше многу од неа и на крајот заврши во солзи. Таа е многу талентирана и беше централна личност на кралската венчавка. Ќе им недостасува на сите. Мелиса е голем професионалец и фантастично си ја врши работата, но повеќе не можеше да издржи и најлесно за двете беше да продолжат по различен пат", вели упатен инсајдер за "Mirror".
Мелиса Тубати работела за Роби Вилијамс пред да стапи на должност во кралското семејство.
Британските медиуми неодамна пишувале дека Меган се однесува диктаторски. Испливало дека на денот на својата венчавка се скарала со Кејт Мидлтон, војвотката од Кембриџ. Меган всушност побеснела на малата принцеза Шарлот во текот на пробата на фустанот, бидејќи не било се како што замислувала, поради што Кејт се расплакала.
Така "Sun" пишувал дека Меган во пет наутро на персоналот му праќа мејлови со инстуркции и го бомбардира со барања.
"Меган знае да биде тешка. Има многу високи стандарди и е навикната на холивудски третман: Во главно, во кралското семејство не уживаат сите подеднакво почитување, а Кејт отсекогаш била многу внимателна кон персоналот", вели инсајдерот, додавајќи дека персоналот баш и не ја сака Меган.
Ситуацијата меѓу двете јатрви дополнително се заострила кога Меган го пцуела персоналот, поради што Кејт многу се налутила.
"Меган е многу безобразна. Ескалираше кога му се пожали на Хари дека Кејт ја навредила. Хари застанал на нејзина страна, Вилијам ја бранел Кејт, која била во петтиот месец од бременоста и не бил потребен таков судир", додал тој.
Се завршило кога Хари и Меган се иселиле од Кенсингтонската палата за да не живеат со Вилијам и Кејт.