Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во првите три месеци од годинава биле издадени 974 одобренија за градење на станбени згради со вкупно 2.579 станови
Така, во јануари годинава биле издадени 256 одобренија за градење, со предвидена изградба на 615 станови, а во февруари 387 одобренија за градење, со предвидени 951 стан, од кои 606 во Скопскиот регион. Во март се издадени 331 одобрение за градење, што е за 22,7 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека за март е предвидена е изградба на 1.013 станови, со вкупна корисна површина од 72.506 квадратни метри, од кои 607 во Скопскиот регион.
По региони најмногу одобренија се издадени во Скопскиот регион (101), 487 се во Општина Ѓорче Петров, 44 во Општина Петровец, 43 во Општина Гази Баба, 19 во Општина Аеродром, а по четири стана во Центар и во Сопиште.
Следуваат Полошкиот регион со издадени 65 одобренија, Југоисточниот – 41, Источниот – 34, Југозападниот – 25, Вардарскиот – 22, Пелагонискиот – 21, а со најмалку одобренија – 12, е Североисточниот регион.
Според издадените одобренија за градење во март годинава, предвидената вредност на објектите изнесува 5,85 милијарди денари што е за 4,8 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број одобренија 193 (60,1 процент) се наменети за објекти од високоградба, 56 (17,5 проценти) од нискоградба и 72 (22,4 проценти) за објекти за реконструкција.
На 200 објекти (62,3 проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 121 (37,7 проценти) инвеститори се деловни субјекти.
извор вечер