Непознати разбојници нападнале и ограбиле сопственик на менувачница во населбата Лауш во Бања Лука, а според неофицијални информации украдени се околу два милиони конвертибилни марки или приближно еден милион евра, јави Радио-телевизија на Република Српска (РТРС).
Според тврдењата на очевидци, на кои се повикува РТРС, се се случило во попладневните часови кога разбојниците направиле заседа пред куќата на сопственикот на менувачницата
Наводно користеле црн автомобил „сеат“ со странски регистарски таблички со кој избегале по грабежот.
Излезите од градот се блокирани и во тек е потрагата по разбојниците, а подетални информации се очекуваат по увидот и прелиминарната истрага.
Порталот Независних Новина пишува дека ограбениот Ј.Ш. со години се занимава со тргување со девизи.