За врзување на првиот и последниот ден од мај се потребни 60.090 денари. Толкава е вредноста на минималната кошница што ја пресметува Сојузот на синдикатите. Споредено со претходната од април, за цели 122 денари го олеснила товарот на просечното четиричлено семејство.
Во структурата најголемите зафаќања ги имаат трошоците за храна и пијалаци – 31,6 проценти. За задоволување на најосновините потребите се неопходни минимум 21.689 денари.
Втората ставка што влече најмногу пари е образованието со 7.003 денари и учество во структурата на кошничката со 11,7 отсто, додека третата ја претставуваат режиските трошоци во износ од 6.014 денари (10%).
Овие бројки се за семејство кое има сопствен дом. Доколку живее во изнајмени 60 квадрати, синдикалната минимална кошница тежи 75.465 денари, додека во априлската изнесуваше 75.587 денари.