Платите на вработените во јавниот сектор низ годините имаат се помалу учество во вкупниот буџет кој државата го троши. Ова го покажала анализата на Здружението за истражување и анализи ЗМАИ, кој исто така утврдиле дека во период од 2010 година па се до 2020 година платите за вработените се намалиле. Но, овој тренд е променет во 2021 и 2022 година кога нивното учесто почнува да се зголемува.
- Првиот е тренд присутен кај платите на административците е намалување во период од 2010-2021, а вториот од 2021-2023 се согледува тренд на зголемување на учеството на платите во вкупните трошоци. Најниска точка е во 2021 година со 10 проценти учество, и највисока во 2010 година со 15 отсто учество – истакнуваат аналитичарите на ЗМАИ во објавениот извештај.
Притоа укажуваат дека согласно Светската Банка, учеството на платите во вкупниот буџет на Република Македонија има тренд на намалување и е под светскиот просек.
Воедно во истражувањето е направена споредба какво е движењето на платите во вкупните трошоци на државите во соседството, поконкретно земени за пример се земјите членки на Отворен Балкан, соседите Албанија и Србија.
Притоа аналитичарите утврдиле дека има намалување на учестото на платите на вработените во јавниот сектор во вкупните расходи на државата.
- Имено, највисоката точка се забележува во 2013 година со 22,37 проценти, и во 2016 година со учество од 21,71 отсто. Во 2020 година учеството е 17,17 проценти. Учеството е пониско од светскиот просек, што може да се гледа позитивно доколку е резултат на стратешки реформи и подобрувања на ефикасноста на вработените во јавниот сектор, без да се загрози квалитетот на јавните услуги. Меѓутоа, доколку помалото учество е резултат на потценети плати тоа може да доведе до недоволно финансирани јавни услуги и да влијае на квалитетот на управувањето.
Споредено со Србија и Албанија се увидува истиот тренд на намалување, и трите земји во последните 10 години се под светскиот просек на учество на плати – посочуваат од ЗМАИ.
Целиот текст можете да го прочитате на faktor.mk