Бројот на разводи во 2023 година пораснал за 9.4% во споредба со 2022 година и изнесува 1765 разводи.
Бројот на склучените бракови во 2023 година, во споредба со 2022, е намален за 1.6% и изнесува 12.672, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Најмногу бракови, 1.597 или 12.6%, се склучени во август, а најмалку во март, 730 бракови или 5.8%. Најчесто стапување во прв брак е со учество од 93.2% за жените и 92.2% за мажите.
Мажите почесто стапуваат во втор брак со учество од 7.0% и во трет брак со учество од 0.8% од вкупниот број склучени бракови.
Во 2023 година, најмногу бракови се случиле во старосната група од 25 до 29 години, односно 4.228 или 33.4% кај жените и 4.450 или 35.1% кај мажите.
Просечната возраст при склучување прв брак е 27.5 години за жените и 30.1 година за мажите.
Бројот на разводи во 2023 година пораснал за 9.4% во споредба со 2022 година и изнесува 1.765 разводи.
Најмалку бракови во текот на годината се разведени во август, односно 66 или 3.7%, а најмногу во декември, 201 или 11.4%.
Најголем број разводи се случиле во старосната група од 35 до 39 години, од кои 310 или 17.6% кај жените и 295 или 17.6% кај мажите.
Според траењето на бракот, најмногу разводи, 393 или 22.3%, се случиле од 5 до 9 години по склучувањето на бракот.