Платите во Германија се очекува драстично да се намалат во иднина бидејќи даноците веројатно ќе се зголемат енормно, пишуваат германските медиуми.
Бројките покажуваат јасен тренд - и тоа не е позитивно за сите работници. Експертите гледаат јасен тренд дека вработените наскоро ќе имаат уште помалку нето пари на нивните сметки. Платите треба драстично да се намалат. За тоа се виновни постојаното зголемување на даноците.
Со оглед на моменталната ситуација, во која поскапеа најважните работи во животот, треба да се прилагодат платите. И многу индустрии попуштаат под притисокот и им плаќаат на своите работници повеќе пари.
Зголемена е и минималната саатница. А сепак, експертите сега предвидуваат дека платите во Германија драстично ќе се намалат. Тоа се должи на постојано растечките трошоци, поради што нетото останува помало од бруто.
Намалување на платата
Причината за намалувањето на платите не се само даноците во Германија. Друг важен фактор се придонесите за социјално осигурување, кои всушност секоја година се зголемуваат.
Се очекува работите да се влошат во иднина. Здружението ПКВ пресмета дека просечниот придонес за долгорочно осигурување може да се зголеми од 3,4 на 6,2 отсто.
Додека работниците во моментов плаќаат околу 14,6 отсто придонеси за здравствено осигурување, експертите велат дека процентот може да се искачи на повеќе од 18 отсто. Од покачувањето веројатно нема да биде поштеден ниту придонесот за пензиско осигурување.
Се предвидува дека ќе порасне до 22,3 проценти до 2035 година. Во иднина, ПКВ очекува даноци повисоки од 50 проценти. Тоа би значело големо намалување на нето заработката, пишува Fenix.magazin.de.
Предупредување
Овој развој на настаните е загрижувачки, поради што директорот на ПКВ, Флоријан Ројтер, ги предупредува политичарите.
Наместо да ги оптоваруваме луѓето со „зголемени даноци за состав кој е многу нестабилен, би било подобро да им се дозволи да инвестираат во одржливо, генерациски соодветно и сигурно осигурување“, рече Ројтер.
Сегашниот пат или ќе ги принуди луѓето да емигрираат или ќе ги мотивира да работат на црно. Засега тоа е само прогноза, бидејќи засега никој не знае како идната влада ќе се справи со овој проблем.
Но, зголемувањето на даноците во последните години не може да се игнорира. Бројките зборуваат сами за себе, пишуваат германските медиуми.