За работниците кои доаѓаат во Германија надвор од Европската унија, животот е значително поскап отколку дома. Во некои земји трошоците се речиси 70 отсто пониски отколку во најголемата европска економија.
Според податоците на Федералниот завод за статистика, трошоците за живот во Индија и Египет во 2021 година биле за 67 отсто пониски отколку во Германија. Во Грузија, Виетнам и Тунис стоките и услугите чинат 60 отсто помалку. Во САД, пак, трошоците за живот биле повисоки за седум проценти.
Трошоците за живот се значително помали и во балканските земји. Во Македонија цените се за половина пониски од Германија, а потоа следат БиХ и Албанија (41 отсто пониски). и Србија со 39 отсто помали животни трошоци.
По Египет, Тунис беше најевтин на африканскиот континент во споредба со Германија, а потоа следат Гана и Сенегал, каде што трошоците за живот беа речиси половина поевтини од Германија. Живеењето во Мароко е поевтино за 44 отсто.
Работниците во Виетнам, исто така, живееле значително поевтино отколку во Германија, а квалификуваните работници од Тајланд и Филипините имале приближно половина од трошоците за живот дома. Во Кина, пак, нивото на цените е пониско за 24 отсто.