Компанијата Мета на Инстаграм експериментира со функција која нема да им се допадне на многу корисници.
Корисниците наскоро може да имаат многу потешка работа ако сакаат да ги игнорираат рекламите на Инстаграм.
Според TechCrunch, Мета тестира нов тип на реклами што не можат да се прескокнат во feed-от на Инстаграм, кои компанијата ги нарекува „ad break“.
Некои корисници веќе ги забележаа новите реклами, овие „паузи“ со реклами се неколку секунди, но не се знае дали нивната должина ќе се промени кога форматот ќе стане официјален.
Пораката во апликацијата вели: „Ad break се нов начин за прикажување и прегледување реклами на Инстаграм. Понекогаш ќе треба да гледате реклами пред да продолжите да гледате содржина на Инстаграм“.