Најпопуларната социјална мрежа Facebook не е веќе најдобро место за работа, наведува анализата на Glassdoor.
Facebook падна од прво на седмо место на листата "Glassdoor's Best Places to Work list for 2019" и рејтингот од 4,6 падна на 4,5 поени. Glassdoor е интернет компанија каде вработените може анонимно да оценуваат или коментираат за компанијата каде работат или пак каде работеле. Страницата помага и при наоѓање работа, како и анализи на работата во познати компании.
Според анализата Facebook гоз агубил првото место поради скандалите со течење на податоците на милиони корисници, како и поради ширење лажни вести.
На листата најдобри оценки има компанијата Bain & Company, која е меѓународна консултантска куќа со седиште во Бостон и 57 канцеларии низ светот. Бројот на вработени варира од 5000 до 10 000 , а во последните неколку години заработувачката се движи меѓу две и 5 милијарди долари.
Минатата година оваа компанија беше втора зад Facebook според условите за работа.