Напорно работите, но никој не го забележува тоа? Ќе мора да го свртите листот и да ги измените некои аспекти од работењето. Според мислењето на експертите, постојат пет битни причини поради кои не сте доволно почитувани на работното место поради што може да ви се влоши кариерата.
- ГУБИТНИЧКИ МЕНТАЛИТЕТ
Работењето во динамично опкружување, само по себе е стресно. Сепак, последна емоција која би требало да ја покажете е очај или бес. Поголемио дел, можеби, тоа ќе го протолкува како ваша енергичност, но вашите надредени ќе ве препознаат како личност подложна на нервоза и растројство.
- ЈА РАБОТИТЕ ИСКЛУЧИВО ВАШАТА РАБОТА
Важно е да покажувате иницијатива и подготвеност да одите понатаму од сопствените овластувања. Доколку превземете врз себе и некои работи надвор од вашите вообичаени задолженија,тоа ќе ви донесе дополнителни поени кај вашиот надреден.
- ПРЕМНОГУ СТЕ ТИВКИ
Вашите идеи не можат да допрат до таму каде што треба доколку постојано го држите јазикот за заби. Постојано некој друг ќе биде во центарот на вниманието, а вие и понатаму ќе останете во сенка на оние од кои веројатно сте подобри. Не се плашите да превземете иницијатива, изнесете го својот предлог без оглед што, во тој момент, ви изгледа нерационално.
- ПОСТОЈАНО СЕ ЖАЛИТЕ
Ако нешто во вашето работење тргне наопаку, најлоша можна работа е да почнете да очајувате.Наместо тоа,обидете се да се фокусирате на проблемот и колку е возможно да ја поправите настанатата штета произлезена од вашата грешка. Затоа не паничите,туку, наспроти се, вложете ја сета своја креативност да направите работите да си дојдат на свое место.
- ЦЕЛО ВРЕМЕ ИМАТЕ ОДБРАМБЕН СТАВ
Секој од нас сака да биде горд на својата работа, да прима пофалби и награди. Сепак, за да станете незаменлив дел на тимот, потребно е , се до моментот додека не станете самостојни, да ги примате и прифаќате критиките на коректен начин. Не само што на тој начин ќе знаете каде грешите, туку и ќе придобиете поголема почит од поискусните вработени, кои најчесто ви се и надредени.
извор: bankarstvo.mk