Сончево и топло време ќе преовладува до утре попладне, кога ќе започне да се зголемува облачноста, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Скопје, се очекува сончево и топло време со слаб ветер од југоисточен правец. Најавено е минималната температура да се спушти до 12, а максималната да достигне до 31 степен.
И утре времето ќе биде претежно сончево и топло со слаб ветер од јужен правец. Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од југоисточен правец. Дневните температури ќе се движат од 24 до 33 Целзиусови степени.
Се најавува да дува засилен северен ветер, што ќе продолжи и в понеделник, кога се очекува да предизвика значителен пад на температурата – за 8 до 10 степени.