Подгответе се за Регионалниот онлајн саем за вработување, започнува утре (вторник, 15.10)
Време е за најголемиот регионален саем за вработување! Започнува утре, 15 октомври и ви носи можност да се поврзете со истакнати работодавачи од Македонија и регионот.
Алкалоид АД, Пивара АД Скопје, Макпетрол АД, Стопанка Банка, НЛБ Банка, ProCredit Банка, Liberty Steel Group, Макстил, KFC Македонија, Fashion Group, Костал, Магна, Лидл, Нептун, Вабтек, Wolt, се само дел од најголемите македонски и странски компании работодавачи кои годинава ќе ги отворат своите врати и ќе ве очекуваат на нивните виртуелни штандови до 22 октомври!
За да се подготвите и да ги освоите работодавачите преку опцијата chat која е достапна на саемот, еве 5 совети за успешен разговор за работа:
1. Подгответе се однапред: Истражете ги компаниите кои учествуваат на Саемот и подгответе ги прашањата што ќе им ги поставите. Ова ќе го покаже вашиот интерес и сериозност.
2. Бидете јасни и концизни: Кога комуницирате преку онлајн chat, важно е да бидете јасни и концизни. Избегнувајте долги реченици и непотребни детали.
3. Поставете ги вистинските прашања: Прашајте за главните одговорности на работа, условите за работа, корпоративната култура и можностите за напредување. Ова ќе ви помогне подобро да ја разберете работата и компанијата.
4. Одржувајте професионален тон: Иако chat-от е понеформален начин на комуникација, важно е да се задржи професионален тон. Избегнувајте кратенки и неформални изрази.
5. Подгответе се за видео интервју: Доколку со работодавачот се договорите за видео интервју, погрижете се да имате стабилна интернет конекција, изберете професионална позадина и облечете се соодветно. Подгответе белешки и прашања за работодавачот.
Не ја пропуштајте оваа можност да се пријавите за огласи од истакнати работодавачи и да зачекорите во нова деловна авантура! Припремете го вашето CV уште денес.