„Јутуб“ добива нови подобрувања.
Па така, платформата го прави подостапен тајмерот за одложено исклучување на видеата за сите корисници.
Тајмерот може да се постави за видеото да престане со репродукција по 10, 15, 20, 30 или 45 минути, за еден час или кога тековното видео ќе заврши.
Ова претходно беше достапно само за премиум корисниците. Едно од подобрувањата е и новите опции за подесување на брзината на репродукција, која сега ќе може да се постави на 0.05x, наместо 0.25x како досега.
Сепак, максимумот останува на брзина од 2x. Подобрувањето на сурфањето во „лендскејп“ опција за „iOS“ е најавено за подоцна оваа година, а вградениот миниплеер во апликацијата сега може да се менува во големина и да се преместува.
Корисниците, исто така, можат да креираат заеднички плејлисти, како и да прават свои мини-слики за приказ на плејлистите, со сопствени фотографии или со ангажирање на генеративна вештачка интелигенција.
Извор: „ГСМАрена“