Полагањето на возачкиот испит може да биде доста стресно, а цените и тежината на полагањето варираат од земја до земја. Порталот „Зутоби“ направи истражување и објави листа на земји во кои е најтешко и најлесно да се положи возачкиот испит.
„Возете право и свртете лево. Положивте“
Земјата со најлесниот возачки испит во светот е Индија. За кандидатите да добијат возачка дозвола, сè што треба да направат е да возат право и да свртат.
„За време на возачкиот испит во Индија, кандидатите треба само да возат право, да свртат лево и да застанат по 45 метри за да поминат“, објаснуваат од „Зутоби“. Значи, тестот е многу едноставен, а стапката на поминување е исклучително висока. Но, со повеќе од 10 милиони возачки дозволи кои се издаваат во Индија секоја година, полагањето на тестот во најнаселената земја во светот се одвива според посебни правила.
Поради огромниот метеж и опасностите на патиштата, кандидатите полагаат возачки испити на приватни тест патеки или на паркинзи. Покрај краткиот возачки испит, кандидатите треба да имаат најмалку девет точни одговори на писмениот тест составен од 20 прашања, а цената на возачкиот испит е само 1,20 евра.
Хрватска – земјата во која е најтешко да се положи возачки испит
Од друга страна, порталот наведува дека Хрватска е земјата во којашто е најтешко да се положи возачкиот испит. Тие наведуваат дека 85 часа возење е задолжителен дел од полагањето на возачкиот испит во Хрватска, што го прави неверојатно скап (околу 1100 евра).
Исто така, тие објаснија дека просечната цена на тестирањето во светот е 127 евра, а Хрватите треба да плаќаат во просек 991 евро повеќе од повеќето земји.
Извор: „tocka.com.mk“