Акциите на Apple паднаа за околу 2 отсто, откако аналитичарот Минг-Чи Куо рече дека компанијата ги намалила нарачките на iPhone 16 за околу 10 милиони единици за четвртиот квартал од оваа година и првата половина на 2025 година.
Куо изјави дека кратењата најмногу се однесуваат на обичните модели на iPhone 16, а многу помалку на iPhone 16 Pro, кои имаат поубави екрани и подобри камери и се попопуларни меѓу потрошувачите, објави CNBC.
Тој сега предвидува дека партнерите на Apple ќе произведат 80 милиони iPhone-и во текот на четвртиот квартал, што е помалку од околу 84 милиони минатата година.
Куо го проценува производството во првиот квартал од 2025 година на 45 милиони единици, што е намалување од 48 милиони една година порано и 39 милиони единици во вториот квартал од 2025 година, два милиони помалку од 41 милион пред 12 месеци.
Извор: biznisinfo.mk