Во попладневните часови во Македонија, се очекува зголемување на облачноста и почнувајќи од запад ќе има врнежи од снег, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде низ земјава, соопштија од УХМР, додека за време на викендот иако времето ќе биде посончево температурите ќе достигнат и до минус 14 степени.
УХМР
Врнежите ќе се поинтензивни на запад и на југ, а ќе продолжат повремено и во текот на ноќта, велат синоптичарите и додаваат дека ќе дува и умерен северен ветер, а ветровито ќе е и преку ноќта. Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9 степени.
Во текот на утрешниот ден времето исто така ќе биде облачно со врнежи од снег особено претпладне, а пообилни врнежи ќе има во западните и јужните делови од земјава, а до крајот на денот, како што информираат од УХМР насекаде ќе се формира нова снежна покривка.
Помалку снег се очекува во североисточните делови. Поради засилениот северен ветер утре можна е појава на снежни навеви, велат синоптичарите. Во наредните неколку денови времето ќе биде променливо облачно и студено со многу ниски утрински температури и со слаби повремени врнежи од снег, велат од УХМР. А ќе има услови и за појава на голомразица.
makfax.com.mk