Три сестри кои живеат на фарма за млеко во Охајо, САД наследиле монета од доцните 1970-ти, не знаејќи дека тоа засекогаш ќе им го промени животот. На неодамнешната аукција во Калифорнија, организирана од „Грејт колекшн“, монетата беше продадена за 500.000 долари.
Монетата била љубоморно чувана од нивниот покоен брат повеќе од 40 години, а неодамна била продадена на аукција во Калифорнија. Таа била изработена од ковачницата во Сан Франциско во 1975 година, со ликот на претседателот Франклин Рузвелт, но и со речиси незабележлива „грешка“.
Имено, на монетата не се гледа препознатливата ознака „S“, што ја прави исклучително ретка и вредна, пренесува „Дејли мејл“.
Колку што е познато, во оптек има само уште една копија, која била продадена на неименуван приватен колекционер во 2019 година за огромна сума од 450.000 долари.
Вредната монета завршила кај сестрите од Охајо, а како што е познато, купена е за 18.200 долари во 1978 година. Тоа го направил нивниот брат, заедно со нивната мајка. За нив монетата е како еден вид „финансиско обезбедување“ за фармата за млеко.
Извор: lokalno.mk