„Tip of the Week“ се авторски текстови што се објавуваат секој четврток и обработуваат теми од секојдневниот живот коишто помогат да го подобрите вашето лично и професионално работење.Коментарите за совети, можете да ги пишувате на: www.facebook.com/tipoftheweekPriracnik Како сублимат на првите 100 совети издадени се единствените прирачници за личен и професионален развој.
Донесување на новогодишни резолуции почна како мода од западниот свет која ја прифативме без никаков приговор, но според некои статистики до коишто стигнав, само мал број луѓе се придржуваат до нив, а уште помал број ги остваруваат.
Хммм, или нашите очекувања се преголеми или малку сме се прецениле во моментот кога сме си ги поставувале. Не за друго, не можам и не сакам да ве замислам да се разбудите сабајлето на 01.01 следната година разочарани дека ништо или многу малку од тоа што сте посакале, ви се остварило.
Затоа:
- Бидете искрени кон себе – голем број луѓе не ги замислуваат желби врз основа на она што е значајно за нив туку ги поставуваат врз основа на туѓото размислување или туѓите желби, од страв или од срам дека некој може да ги направи помалку вредни. Да се биде искрен кон себеси е најтешко, па можеби и тоа треба да ви биде првата желба за оваа година!
- Едно по едно – обидувајќи се да постигнеме повеќе цели одеднаш, се губиме по патот и на крај од толку многу желби, ниедна не се остварува. Најдобро е да почнете во остварување на вашите цели/желби една по една. Дополнително на ова, велат дека е најдобро да се почне со некоја која само ќе придонесе дополнително позитивно во остварување на следната и така по ред...
- Мали чекори – како што кажал првиот астронаут кој слетал на месечината, ова е мал чекор за мене, но голем за човештвото. Така и за вас, почнете со мали и остварливи чекори, и во текот на неделите/месеците само зголемувајте ги!
- Околината – ако нештата од вашата околина го попречуваат вашиот напредок, променете ги. Треба да ја промените исхрана, наполнете го фрижидер само со здрава храна. Сакате да се будите порано сабајле, ставете будилник подалеку од вас, за да мора да станете... што да ви кажам, ем сакате да се промените, ем не сакате да промените ништо околу вас!? Е, па не идат тие две работи заeдно.
- Фамилија и пријатели – едно од најважните желби кои секако треба да ви бидат на листата на желби кои ќе треба да ги поправите или да обрнете малку повеќе внимание. Дополнително на тоа, некои од нив сигурно ќе ви помогнат во остварување и на другите...
Ви посакувам многу здравје и разбирање во Новата година, успех на работа и дома, а на тие кои ќе си постават желби им посакувам поголемиот број од нив да им се остварат.
Време е за поубава иднина!
@kalinbabusku
Член на тимот
МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг
www.macedonia-export.com
Доколку сакате текстовите да ги добивате на Вашата е-пошта или мислите дека некои Ваши колеги, соработници и пријатели треба да ги добиваат овие текстови, испратете ни ја/ги на tow@macedonia-export.com