Недостигот на работна сила со кој се соочуваат голем број земји ширум светот ги натера компаниите да станат поотворени во процесот на селекција и регрутација на кандидати.
На пример, во некои од огласите на компании како Google, Apple и IBM не е наведено дека кандидатите треба задолжително да поседуваат диплома од факултет.
Полека но сигурно, компаниите својот фокус го пренасочуваат од титули и работно искуство кон вештините кои потенцијалниот кандидат ги поседува.
Да ја земеме за пример изјавата на Janelle Gale, заменик претседател за човечки ресурси во Facebook каде вели: “Во Facebook, ние ги вреднуваме вештините многу повеќе од работното искуство што кандидатот го поседува. Ги советуваме кандидатите да аплицираат доколку ги поседуваат бараните вештини, дури и кога работното искуство не е соодветно“.
Најпопуларната социјална мрежа за професионалци, LinkedIn, анализирајќи стотици илјади огласи за вработување кои се објавуваат таму, ги издвои најбитните вештини кои компаниите ќе ги бараат во 2019 година.
5 најбарани меки вештини за 2019 година:
- Креативност
- Убедливост
- Колаборативност
- Адаптибилност
- Time-management
5 најбарани тврди вештини за 2019 година:
- Cloud Computing
- Вештачка интелигенција
- Аналитичко размислување
- Управување со луѓе
- UX Design
За да ги усовршите овие вештини, LinkedIn ја препорачува својата платформа за учење LinkedIn Learning која е бесплатна во месец јануари.