Дедо Мраз стигнува со соларен чамец за да ја подигне „божиќната пошта“ во Химелпфорт во Бранденбург. Таму веќе 40 години пристигнуваат детските писма со нивните желби.
Речиси шест недели пред Божик, Дедо Мраз пристигна во неговата филијала за писма со детски желби во Химелпфорт, Бранденбург. Овој пат, на необично превозно средство, еколошки „соларен чамец“ од Дојче Пост. Околу 8.000 писма со желби од деца од Германија и од странство веќе пристигнале во божиќната пошта во Химелпфорт, објави Дојче пост.
Првите две деца од Саксонија и од Берлин ги испратиле своите божиќни желби во 1984 година во Химелпфорт. Сега тоа е најголемата од седум т.н. божиќни пошти во Германија. Секоја година таа прима околу 300.000 детски писма.
Извор: dw.com