Новогодишното украсување на Охрид треба да започне наредните денови. Ќе се користат украси од минатите години, но одвоени се и дополнителни средства, информираат од Општина Охрид.
Оваа година се одвоени околу 1 400 000 денари за украсување. Дополнително ќе бидат поставени и украсите кои се во сопственост на Општина Охрид, посочуваат.
Како и секоја година, и годинава охриѓани, но и бројните гости ќе имаат можност Новата година да ја дочекаат на градскиот плоштад.
Предвиден е организиран дочек на Новата година на градскиот плоштад. Во моментов се доработува програмата која ќе биде за сечиј вкус и за сите возрасти, посочуваат од Општина Охрид..