Европскиот парламент оваа недела отпочна иницијатива на Европската комисија која би можело драстично да ја намали за измамата во врска со километражата на користени автомобили.
Како најизгледно решение е преземањето на белгискиот модел на ниво на ЕУ, кое овој вид измама го намали за 97 проценти.
Комитетот за транспорт на Европскиот парламент нарача професионална студија за манипулации со километражата во автомобилите. Таквите студии се задолжителни кога Европскиот парламент ќе започне иницијатива за законодавство и се обидува да ја докаже додадената вредност на конкретен правен предлог на ниво на Унијата.
Студијата проценува дека помеѓу 5 и 12 проценти од користените автомобили се со намалена километража на националните пазари во земјите-членки на ЕУ. Но, половини автомобили продадени од една членка на унијата на друга, процентот на вратена километража се качува до 50 проценти.
Во Полска, најголемиот национален пазар за користени автомобили во ЕУ, се проценува дека дури 90 проценти од увезените користени автомобили немаат точна километража. Германија е најголемиот извозник на вакви автомобили, а се проценува дека една третина од овие автомобили имаат намалена километража.
Со овие проблем најмногу се погодени новите земји-членки на ЕУ, додека кај старите членки оваа појава е значително поретка, дури и за два и пол до три пати.
Со намалувањето на бројот на километри вештачки се зголемува вредноста на автомобилот. Една студија покажува дека зголемувањето на цената се движи, во зависност од категоријата на возилото, помеѓу две и пет илјади евра по возило.
Економската штета предизвикана од појавата на оваа нелегална појава се проценува меѓу 5,6 и 9,6 милијарди евра на ниво на ЕУ. Довербата во пазарот на користени автомобили е многу ниска во ЕУ.
Овој проблем е успешно решен од Белгија, кој го воведе системот “Car Pass” уште во 2006 година. Тоа е централизирана база на податоци, каде што се внесува бројот на километри поминати при секоја посета во авто сервис или вулканизер.