Србија официјално стана дел од најпрестижните гастрономски дестинации, откако два ресторани – „Langouste“ и „Fleur de Sel“ – добија „ Michelin“ѕвезди.
Ова е четврта година по ред како водичот ја препознава гастрономската сцена на Србија, која сега се гордее со ресторани кои ќе носат престижни ѕвезди и препознатливи црвени табли, потврдувајќи го квалитетот на понудата во Белград.
Рестораните „Langouste“ и „Fleur de Sel“ добија заслужени Michelin ѕвезди, а списокот за 2025 година се прошири и со уште 25 ресторани од Белград кои добија препораки.
„Fleur de Sel“, кој се наоѓа во Нови Сланкамен, ја доби својата прва Michelin ѕвезда благодарение на готвачот Никола Стојаковиќ, кој создава мени со алпски вкусови и нуди прекрасен поглед на реката Дунав.
„Langouste“, под водство на готвачот Марко Ѓериќ, доби Michelin ѕвезда за својата исклучителна кујна која користи локални продукти од сопствена биодинамична градина, комбинирајќи луксуз и суптилност.
Препораките од Michelin ги добија и рестораните „Iva New Balkan Cuisine“ и „Исток“, кои сè уште ја носат важната ознака „Bib Gourmand“ за високо кулинарско ниво по пристапни цени.
Извор: tocka.com.mk