Тинекс Маркети ги предупредуваат корисниците за фалсификувани информации за ПОЕН+ картичка
На социјалните мрежи се појави објава која тврди дека ПОЕН+ програмата нуди подарочна картичка во вредност од 10.000 денари. Од Тинекс Маркети известуваат дека оваа информација е неточна и дека не потекнува од официјалните извори на компанијата.
„Молиме бидете внимателни кога ги споделувате личните податоци. Официјалните страници на Тинекс се лесно препознатливи и верификувани“, се наведува во соопштението.
Потрошувачите се охрабруваат да ги проверат сите информации директно од официјалните канали на Тинекс Маркети.