Скопјани се подготвуваат за најавениот прекин во водоснабдувањето на почетокот на претстојниот викенд.
Од петок вечер до сабота ќе биде затворен главниот градски цевковод, граѓаните во Скопје масовно прават залихи на вода, а полиците во маркетите веќе се празни.
Од „Водовод и канализација“ информираат дека жителите на Чаир, Бутел, Радишан, Пластичарски улица до Американската амбасада, Визбегово, Бардовци, Железара, Автокоманда (висока зона), Ѓорче Петров од СП Планет, Сарај, Шуто Оризари, Топанско, Новоселски пат, населба Даме Груев, Кисела Јабука, Стопански двор, Волкова и Орман, нема да имаат проблеми со водоснабдување.
Градоначалничката на Скопје, очекува санирањето на дефектот во Карпош, приклучен на главниот водоводен цевковод во Скопје, да заврши во рок од едно деноноќие.
Затворањето на водата во главниот цевковод на градот се врши еднаш на педесет години, а последното е направено во 1991/1992 година за реализација на водоводниот приклучок во месноста Лепенец.