ЈСП „Скопје“ не ги продолжува годишните картички за бесплатен превоз на студентите за 2025 година, што предизвика реакции од Универзитетското студентско собрание (УСС) на УКИМ.
Најавата за укинување на бесплатниот превоз доаѓа во момент кога, според МОН, во буџетот за 2025 година се предвидени средства за транспорт на студентите.
Од Слободен Печат пак, велат дека на билетарниците на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ не можат да се продолжат студентските годишни карти за наредната година.
Студентите остануваат во неизвесност и бараат институциите да дејствуваат без одлагање за да не ја изгубат една од клучните мерки за поддршка на студентскиот стандард.