Дали и вие, како и многумина, се прашувате зошто минутата на крајот од програмата на машината за перење никогаш не трае 1 минута како што стои на екранот, туку многу подолго?
Машините за перење често работат подолго од очекуваното, а многу луѓе се прашуваат зошто. Времето прикажано на машината за перење обично се потценува. Овој феномен доведе до збунет корисник на Reddit да го праша следново:
„Објаснете ми, се чувствувам како да имам 5 години, зошто последната минута од перењето во машина за перење секогаш трае неколку минути? Го вклучувам перењето и ми пишува уште 40 минути. Се враќам околу тоа време и види дека има уште 1 минута, па останувам да ги ставам алиштата во машината за сушење или да ги закачам. По неколку минути и натаму пишува дека останала 1 минута. Зошто машината губи осет за време во последната минута?“
Според списанието Home and Gardens, постојат неколку причини за ова. Експертот за апарати за домаќинство, Ричи Мулинс од H2O Plumbing, вели дека ова е главно поврзано со модерните машини за перење кои можат да го приспособат времето на циклусот во зависност од ткаенината, нивото на нечистотијата и детергентите.
„Факторите како што се големината на барабанот, типот на ткаенината, температурата на водата и нивото на нечистотија на облеката може значително да го продолжат времето на циклусот. Ова доведува до „лажно“ прикажување на времето. Се прават прилагодувања за оптимално чистење и нега на ткаенината, дури и ако ова значи продолжување на времето за перење. На пример, ако машината детектира големо оптеретување, може да го продолжи времето на мешање или плакнење за потемелно чистење“, објаснува тој.
Современите машини за перење може да додадат дополнителни минути во циклусот на перење за да се осигураат дека детергентот е целосно исплакнат. Малинс советува „во вашата глава додадете си 5 до 10 минути на секое перење“, бидејќи има малку што може да се направи за да се осигура дека перењето, кое треба да трае 30 минути, ќе заврши во предвиденото време.