“Заинтересирани сме само за кандидати кои се достапни за полно работно време, консултантски услуги, како дома, така и во странство“, стои во огласот.
Американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) во познатиот британски неделник “The Economist“ објави оглас за вработување во кој се бара “високоефикасни, патриотски професионалци со различни потекла, вештини и животни искуства“.
Кандидатите треба да “им служат на САД во спроведувањето на мисиите на Агенцијата како прва линија на одбрана на нацијата“.
Во него се наведува дека е наменет за "интелектуално љубопитни авантуристи кои бараат неспоредлива меѓународна можност за високо влијание".
"Ние нудиме начин на живот кој ги предизвикува најдлабоките извори на интелект, издржливост и проучување на карактери. Иако никакво специфично потекло не е неопходно, искуството со бизнис, продажба, маркетинг, недвижнини и управување со проекти е многу пожелно", се наведува во огласот.
Во него стои дека "кандидатите треба да го поседуваат следното: американско државјанство, двојно државјанство на САД или статус на жител со законски престој во САД, како и три и повеќе години меѓународно искуство".
Се бараат и вештини за познавање на странски јазици, а кандидатите мора и физички да се наоѓаат во САД за да се пријават.
Во описот стои дека платата не е назначена и дека огласот е објавен на 10-ти јануари 2019-та, и трае до 14-ти јануари 2020-та година, а наведена е и адреса во Вашингтон каде се праќаат пријавите.