![Најголемата мака на интернет трговците е доставата на нарачаната стока](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/f5/d913325f-resize-820x0x100.jpg)
Доставата е најголем предизвик за е-трговците во Македонија и Западен Балкан, покажува истражувањето на Асоцијацијата за е-трговија. Проблемите се однесуваат на брзината, високите цени, доверливоста, ограничените опции и ниската професионалност на доставувачите. Македонските е-трговци го оцениле овој предизвик со 4.55 на скала од 1 до 5.
Лошата состојба во логистиката дополнително ја потврдуваат податоците од Универзалната поштенска унија и Светската банка, каде земјите од регионот имаат ниски оценки за логистички перформанси. Македонија постигна најдобри резултати во царина (43-то место) и следење на пратки (46-то место), но е слабо рангирана во квалитет на логистика (53-то место) и инфраструктура (55-то место).
Решение за напредок се гледа во модернизација на логистичките услуги и развој на out-of-home мрежата за достава, со што ќе се подобри достапноста и флексибилноста. Во Македонија веќе започна поставување на пакетомати, што е чекор напред во оваа насока.
Овој извештај ги опфаќа земјите од Западен Балкан: Македонија, Србија, Албанија, Црна Гора, Косово и Босна и Херцеговина.
Целиот текст прочитајте го на: denar.mk