Новиот Старбакс во Мексико Сити бара нови вработени. Можеби навидум ова изгледа како најобичен оглас, но има еден посебен услов. Сите кои ќе се пријават за позицијата мора да бидат постари од 55 години. Популарниот кафич ќе биде воден исклучиво од постари лица, поточно од 14 постари лица. Старбакс до крајот на годината планира да вработи вкупно 120 постари лица низ САД.
Овој потег е со цел да се прошири иницијативата за вработување на постари граѓани кои откако ќе заминат во пензија честопати се обидуваат да го задржат еднаквиот квалитет на живот.
Според статистиката, постарите луѓе опфаќаат дури 10% од мексиканската популација. Станува се потешко да се вработат луѓе над 40 години, а истовремено постои потреба за задржување на постарите лица на работа и ние сме спремни да помогнеме во тоа, вели Кристијан Гурија, извршен директор на Старбакс Мексико.
Вработените ќе имаат здравствено осигурување, два слободни дена во текот на неделата, а нивните смени нема да бидат подолги од шест и пол часа. Не третираат со почит и разбирање. Мислам дека навистина убаво се поврзавме и на крај сите имаме корист од ова, вели Серхио Ариоја, еден од постарите вработени вклучени во оваа програма.
Старбакс освен на старите лица сака да помогне и на уште една ранлива група. Станува збор за лицата со оштетен слух. Поради тоа во план е во Вашингтон да се отвори кафич кој ќе вработи токму такви лица каде говорот со знаковен јазик би било нешто сосема нормално.