Јасминка Шоштариќ е студент на Филозофскиот факултет во Загреб, а до крајот на студиите и останал уште еден семестар. Јасминка има 75 години и ова и е трет факултет. Претходните два ги има успешно завршено.
Сегашните студии ги запишала на 70 години. Бев возбудена како да се запишувам прв пат. Нова средина, нова зграда. Не знаев ништо каде се наоѓа, баш како бруцош. Пред испит сите заедно повторуваме и имаме трема, објаснува Јасминка.
Младите колеги се воодушевени од нејзиниот напор и елан, и велат дека им е одлична мотивација. Од секогаш сме биле горди на ваквите студенти, вели деканот Иван Копрек. По завршувањето на третиот факултет Јасминка себеси се гледа како предавач.