Бугарија има најниска минимална плата меѓу државите во ЕУ која во јануари годинава изнесувала 553 евра.
Според податоците на Евростат, во истовреме, највисок минималец има во Луксембург- 2638 евра , што значи пет пати повисок од бугарскиот просек.
Во изминатите десет години, спредувана со онаа во 2015 година, најниската плата во Бугарија се зголемила за 12 отсто. Земјата е членка на Унијата од јануари 2007 година.
Евростат ги рангира членкита на ЕУ , според минималецот во секоја од нив, во неколку групи. Во првата, со просек до 1500 евра – покрај Луксембург, се и Република Ирска, Холандија, Германија, Белгија и Франција.
Во групата држави со минимална плата меѓу илјада и 1500 евра се Шпанија, Словенија ( во ЕУ е од 2004) , Полска, Литванија, Португалија и Кипар.
Меѓу земјите со минималец под илјада евра, каде се наоѓа и Бугарија се рангирани и Хрватска, која во Унијата е од 2013 година, потоа, Грција, Малта и Естонија, како и Чешка, Словачка, Романија, Латвија и Унгарија.
За споредба, истражувачите на Евростат го имаат ставено просекот на минималната плата во САД. Пресметан во евра, тој изнесува 1210 месечно.
Што се однесува до Бугарија, софиските медиуми посочуваат дека нивната земја е меѓу оние држави од ЕУ- заедно со Романија, Литванија и Полска – кои бележат нависоко темпо на просечно, месечно зголемување на минималната плата во озминатите десет години. Тој просек изнесува над 10 отсто.
Најниско просечно зголемување на минималецот, во истиот десетгодишен перид има во Франција- малку над 2 отсто и вп Малта од три отсто.