![БУГАРИТЕ НАЈНЕСРЕЌНИ ВО ЕУ, а еве која е најсреќната држава во унијата](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/8f/35f835f8-resize-820x0x100.jpg)
Според последните податоци на Евростат, Финска имала највисока оценка за задоволство од животот во Европската унија. Просечната оценка во 2023 година беше 7,3 од 10. Задоволството од животот може да биде под влијание на многу фактори – возраста, степенот на образование, семејната и финансиската ситуација.
Податоците на Еуростат ги споредиле материјалните услови за живот на земјите, слободното време, социјалните интеракции, економската и физичката безбедност, управувањето и основните права, природната и животната средина и целокупното животно искуство
Финска има највисоки оценки по сите овие параметри, додека Белгија, Австрија, Романија и Словенија со 7,7.
Најмалку среќни луѓе во ЕУ имало во Бугарија (5,9), Литванија и Грција (6,9). Меѓутоа, во сите земји на ЕУ, освен Бугарија, просечното ниво на задоволство од животот е повисоко од 6, што значи дека испитаниците во истражувањето се изразиле главно позитивно.
Помладите луѓе (16-29) во ЕУ се генерално позадоволни од својот живот во споредба со луѓето на возраст од 65 и повеќе години.
![](https://cmsnebula.eu-central-1.linodeobjects.com/b79723b0-fe00-4f46-ae15-f16613a5853e/$d28a5f3b-d891-466b-9b11-bc939a1fc58b/eu.png)
Сепак, тоа не е случај во сите земји на ЕУ.
Во Данска, Шведска, Холандија, Луксембург и Финска, овие постари луѓе биле позадоволни од помладите. Приходите и нивото на образование природно влијаат на задоволството од животот во ЕУ.
Најобразованите, покажува статистиката, се посреќни од оние со најниски примања. Луѓето кои живеат во домаќинства со деца го оценија своето задоволство од животот во просек повисоко. Сепак, нема разлика меѓу мажите и жените, според статистиката на ЕУ.