
Бројот на пушачи во Хрватска расте, покажува ново истражување од јануари оваа година.
Според тоа истражување, во јануари 37 проценти од луѓето консумирале тутунски производи, што е дури 4 процентни поени повеќе отколку во истиот месец пред две години. Тоа значи зголемување на бројот на потрошувачи за 12 проценти за две години.
Истражувањето го спровеле магазин JA трговец и угледната светска агенција за истражување на пазарот Хендал. Нивните нови бројки откриваат дека 74 проценти од сите потрошувачи пушат цигари, што е раст од 6 проценти во споредба со јануари 2023 година.
Пред две години во Хрватска секој трет полнолетен жител бил пушач, а денес таа бројка е поголема. Околу 140 евра месечно за цигари трошат дури 20 проценти од потрошувачите на тутунски производи. Тоа е просечно околу 4,5 евра дневно.
Компанијата Хрватски духани од Вировитица, која заедно со Фабриката на тутун Ровинј е во сопственост на светскиот гигант BAT, лани од 250 производители од Подравина и Славонија откупи повеќе од 4500 тони тутун. Тоа е дури 41 проценти повеќе отколку пред две години.
Хрватски духани откриваат за магазин JA трговец дека лани исплатиле повеќе од 20 милиони евра на производителите на тутун. Велат дека се повеќе земјоделци се одлучуваат за оваа култура бидејќи откупната цена значително пораснала.
Извор: danica.hr