
Цената на новоизградените станови и станбените објекти во градба долж крајбрежјето и во центарот на Охрид достигна рекордни 4.000 евра за метар квадратен.
Во новоградбите во централното градско подрачје, како најатрактивни локации, метар квадратен станбен простор моментално може да се купи и по цена од 1.500 до 3.000 евра.
Во останатите делови на Охрид, како Охридати, Билјанини Извори, Бејбунар, кај меѓуградската автобуска станица, урбаните заедници Лескајца, Воска и 7 Ноември, цените се нешто пониски и се движат од 1.200 до 1.500 евра за метар квадратен станбена површина.
Становите кои се продаваат во постарите објекти, зависно од локацијата и нивната состојбата во која се наоѓаат, можат да се најдат од 1.000 евра па нагоре.
Според искуството и анализите на Агенциите за недвижности, побарувачката на станови во Охрид далеку ја надминува понудата, што секако се рефлектира на пораст на цените.
Најголем интерес има за становите кои имаат помала квадратура, а купениот имот најчесто се користи за одмор, туристички престој, но и за семејно домување во пензионерските денови.
Целиот текст може да го прочитате на: sdk.mk