
Струмичани почнаа да ги стават своите маски. Со симболичното предавање на градскиот клуч во рацете на карневалскиот одбор во средата и официјално започнаа карневалските свечености кои ќе траат до 5 март.
Предавајќи го клучот, градоначалникот им порача да бидат добри домаќини и на најдиобар можен начин да ја чуваат и негуваат вековната традиција.
Градскиот клуч од името на сите учесници на карневалот го прими претседателот на карневалскиот одбор, Александатр Цицимов. Најави спектакулрно издание и многу радост и смеа за сите гости.
Во рамки на почетокот на карневаските денови беа отворени и две изложби. Една по повод 35 годишнината од организираната форма на карневалот, а втората со маски од училиштето Димитар Влахов. Свеченостите продолжуваат вечерва со концертот под маски на музичкото училиште Боро Џони, а денес е балот под маски.
Главната карневалска вечер е планирана за сабота, на 1 март. Свеченостите завршуваат во среда со одбележувањето на празникот Тримери.
Извор: sitel.com.mk