Џек Ма, ко-основачот и поранешен извршен директор на кинескиот интернет-гигант Alibaba и најбогатиот Кинез на денешницата, во едно интерјву за време на Светскиот економски форум ни открива како треба да бидат поставени целите за успехот во рамките на работниот век на еден професионалец.
Од дваесеттата до триесеттата година од животот, тој вели дека треба да станете дел од добра компанија, да работите за добар шеф и да научите како најдобро да ја работите својата работа.
Потоа, во следните десет години доколку имате идеја за сопствен бизнис, тој советува дека тогаш е вистинското време да го направите тоа. Не се плашете бидејќи сте се’ уште млади и имате време да се опоравите од евентуален неуспех.
Но, кога се наоѓате на возраст од 40 до 50 години, неговата сугестија е да се занимавате со работи за кои навистина ве бива.
Од педесеттата до шеесеттата година посветете се на развивање на млади луѓе и обидете се да го пренесете вашето знаење и искуство на следната генерација.
По шеесеттата година Џек Ма ве советува да се фокусирате на вашите внуци.
На интервјуто тој зборува и за неговиот пристап во бизнисот да размислува 10 години однапред и како истиот тој пристап му помогнал во личниот развој.
Погледнете го целото интервју: