
Традиционално, секој крај на годината, компанијата Нелт СТ го одбележува со прослава за сите вработени во чест на успешно остварените цели. Во формалниот дел беа доделени наградите за Нај колегите кои добија најмногу пофалби од организацијата и се истакнаа по Нелтовските вредности.
Наградувањето продолжи со прогласување на победниците од натпреварот Gamification Masters кој трета година по ред се организира во компанијата. Инспирација за темата во 2024 година беше натпреварувањето за човечка издржливост Ironman кое симболично го поврзаа со вработените кои секогаш го даваат својот максимум за остварување на целите.
Вработените на различни позиции во продажба 9 месеци се натпреваруваа индивидуално и тимски, освојувајќи вредни месечни награди. На најдобрите од продажба им се приклучија и најдобриот магационер и најдобриот доставувач кои ги надминаа своите цели изминатата година. Вкупно 19 натпреварувачи од продажба и логистика заминаа на главното патување во Малта.
Со богата програма, победниците првиот ден имаа можност да ја истражат Малта со водич посетувајќи ги Мдина и Рабат, фабриката за стакло во Ta’Qali, рибарското гратче Marsaxlokk, како и најпознатиот пештерски комплекс Blue Grotto каде се возеа со бротче.
Следниот ден групата го посети островот Гозо познат по својата историја и култура. Dwejra Bay, Базиликата Ta Pino и старата Цитадела беа меѓу позначајните места за посета на Гозо, а во главниот град Викторија, победниците имаа можност за дегустација на локални прозиводи: разни видови на сирење, алва, џем и најпознатиот ликер од кактус. Вечерта Нелтовци заслужено уживаа во организираната вечера во срцето на Слиема со традиционални јадења и специјалитети.
Последниот ден од патувањето беше резервиран за посета на Popeye village, каде групата имаше можност да го погледне сетот каде се снимал истоимениот филм. Живописното место, шарените куќарки и боите морето кое го одземаа здивот ги охрабрија посетителите да ја прифатат понудата за снимање филм и да се вратат во времето на Попај Мрнарот. Главниот лик беше одбран преку кастинг, а улогата му припадна токму на еден од победниците, Исмаил Демиров кој беспрекорно го одглуми легендарното смеење на Попај. Изгледа дека Нелтовци сакаат секогаш да победуваат, па апсолутно издоминираа и во своите улоги во краткиот филм.
Нивното патување на Малта заврши со посета на главниот град, Валета, каде од Upper Barrakka Garden ја гледаа главната атракција, пукањето со топ, кое се случува секој ден на пладне и во 16 часот.
Групата победници: Мики, Тања, Ристе, Катерина, Стефан, Ана, Мартин, Кристина, Никола, Јасмина, Исмаил, Марија, Николче, Лилјана, Валентин, Александра, Зоран, Стефани и Ристо, се вратија во Македонија под импресии од островот и организацијата, благодарни на Нелт за наградата и со спомени од заедничката дружба кои ќе ги паметат засекогаш.
По враќањето од Малта, имаа само неколку дена да се одморат, пред компанијатга да го најави натпреварувањето СИНЕРГИЈА кое се одржува на ниво на Нелт Група и ги вклучува сите вработени во продажба и логистика, кои ќе се натпреваруваат во мешовити тимови. Во Македонија учествуваат преку 150 учесници кои 3 месеци меѓусебно ќе се натпреваруваат, а најдобриот тим ќе оди на заедничко патување со победничките тимови од Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина.
Нелт секогаш се стреми кон високо ниво на мотивација кај вработените, а овој нов натпревар е уште еден доказ за тоа. Целта е да се докаже дека меѓу секторската поддршка е најважна и дека само со заеднички сили може да остварат успех.
Со среќа на сите учесници и нека победи најдобриот!