Крадците на автомобили пронајдоа нов начин како да го украдат вашето возило и истиот е речиси генијален. Се што треба за овој метод е метална паричка, вратата на вашиот автомобил и "слепо око".
Ставањето на монетата во рачката ќе ја задржи вратата од затворање. Паричката ќе направи централната брава да не заклучи правилно притоа оставајќи ја вратата отворена. На овој начин крадецот дури и не мора да ве следи насекаде. Доволно е само да почека додека не се вратите дома и да ја искористи првата прилика кога ќе го напуштите автомобилот.
Затоа, нареден пат пред да влезете во автомобилот проверете ги вратите за одредени сомнителни активности, а се препорачува и да не оставате вредни предмети на видливо место во автомобилот.