
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе одлука со која малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 2,08% во однос на претходната одлука од 7 март 2025 година.
Од 11 март 2025 година во 00:01 часот, малопродажните цени на горивата ќе изнесуваат:
- ЕУРОСУПЕР БС-95 – 74,50 денари/литар (намалување за 0,50 денари)
- ЕУРОСУПЕР БС-98 – 76,50 денари/литар (намалување за 1,00 денар)
- ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) – 70,00 денари/литар (намалување за 2,00 денари)
- Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) – 69,50 денари/литар (намалување за 2,00 денари)
- Мазут М-1 НС – 42,261 денари/килограм (намалување за 1,240 денари)