
Престижната издавачка куќа Time Out објави листа со градови со најдобра храна во светот, врз основа на истражување спроведено меѓу повеќе од 18.500 луѓе ширум светот. На самиот врв е Њу Орлеанс, познат по својот уникатен спој на француска, шпанска, виетнамска и африканска кујна. Неговите специјалитети – гумбо, џамбалаја и бејњети – се вистински рај за сетилата.
Второто место го зазеде Бангкок, чија гастрономска сцена се движи од ресторани со Мишелин ѕвезди, како познатиот „Гаган Ананд“, до улична храна, која може да се проба за само три долари. На третото место се најде Меделин, Колумбија, кој ги воодушеви читателите со својата пристапност и одличното кафе. Следен на листата е Кејптаун во Јужна Африка, познат по своите разновидни понуди на храна, особено морска храна, пишува Time Out.
Мадрид го зазеде петтото место благодарение на спојот на традиционалната и експерименталната кујна, додека Мексико Сити (шесто место) стана непропустлива дестинација за љубителите на храна во последните години. Во Лагос, седми на листата, жителите уживаат во специјалитети како ориз и суја, додека Шангај (осмо место) е дом на кулинарска сцена која совршено ја комбинира милениумската традиција со модерното експериментирање.
Франција е лулка на високата кујна, па не е изненадување што Париз е на деветтото место. Топ десет листата ја заокружува Џакарта, чија храна е толку препознатлива што многумина би го прогласиле ренданг за највкусното јадење на светот.
Други градови кои влегоа во првите 20:
- Маракеш, Мароко
- Лима, Перу
- Ријад, Саудиска Арабија
- Мумбаи, Индија
- Абу Даби, ОАЕ
- Каиро, Египет
- Порто, Португалија
- Монтреал, Канада
- Неапол, Италија
- Сан Хозе, Костарика
Извор: inovativnost.mk