Намената на лозинките е да се заштитите, колку што можете, од хакерски напади. Не секогаш луѓето ја бираат посигурната опција и најчесто избираат лозинки кои едноставно се премногу очигледни и секој би можел да ги погоди.
Денес имаме лозинки за електронските адреси, профилите на социјалните мрежи, корисничките сметки и слично. Најчесто се бираат едноставни лозинки поради леснотијата да се запамтат истите. Првата грешка кај многу корисници е што тие имаат "една лозинка која одговара на сите".
Во еден истражувачки труд откриени се некои од најупотребуваните лозинки:
1. 123456
2. 654321
3. password
4. password1
5. 1122
6. welcome
7. ninja
8. abc123
9. 123456789
10. 12345678
11. sunshine
12. princess
13. 666666
14. qwerty
16. 111111
17. А******
18. 00000
Најдобро е да имате различни лозинки за вашите профили, како и за електронски адреси. Не се ограничувајте само на зборови, туку додавајте и бројки, мали и големи букви и знаци. На овој начин ќе ја отежнете можноста да бидете мета на хакерски напад.