Како и во останатите земји во регионот, така и во Хрватска во овој период од годината доаѓа до израз проблемот со недостаток на стручна и квалификувана работна сила.
За таа цел, хрватските работодавци уште во јануари тргнаа во лов на сезонски работници кои ќе работат во Хрватска во текот на летната сезона.
Се бараат келнери, готвачи, сорабки, хигиеничари, и помошен персонал, а во текот на сезоната ќе им бидат потребни околу 1000 работници.
Минималната месечна плата за овие професии е 700 евра со бесплатен смештај и три оброци дневно, платен превоз и загарантирана стимулација од 20 евра месечно.
Прекувремената работа дополнително се доплаќа.
Нудат работа на шест месеци, а доколку се вработите како келнер може да заработите од 900 до 1000 евра месечно.