Секоја година умираат околу 40 луѓе, а се раѓаат само десетина деца.
Не сме единствената земја која што се соочува со намалување на населението во руралните средини.
Постојат се повеќе и повеќе градови кои им плаќаат на луѓето да се доселат, а еден од нив е италијанскиот град Локана.
Градот кој се наоѓа во северниот дел на Италија има само 1.500 жители, а таа бројка постојано се намалува.
Имено, секоја година во градот умираат околу 40 луѓе, а се раѓаат само десетина деца, пренесува Fortune.
Поради малиот број на деца во градот и околните села, на тамошното училиште му се заканува затворање.
Токму затоа, итно им се потребни “нови“ жители
За преселување во Локана, градоначалниот Џовани Бруно Матиет нуди 9000 евра кои би се исплатиле во период од три години.
Единствениот услов за исплата на овие пари е новиот жител да има дете и годишно да заработува најмалку 6000 евра.
Освен тоа, градоначалникот на градот Боргомезавел кој се наоѓа во близина на швајцарската граница, продава планински колиби за само едно евро.
Условот за купување е дека ќе ги преуредите во текот на наредните две години, а ако добиете дете во тој период, градот ќе ви плати 1000 евра.
Жители на купуваат само Европејци
Градот Тулса во американската држава Оклахома неодамна понуди 10000 долари за секој кој сака да се пресели таму.